Линкови за пристапност

Заврши гласањето на шестите претседателски избори, одзивот до 18.30 часот 39,62 отсто


Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) одзивот на гласачите до 18.30 часот е 39,62 % од обработени 91,54 отсто од избирачките места. Досега од вкупно запишаните 1.808.131 гласачи своето право на глас го искористиле околу 700 илјади граѓани на 3.480 гласачки места.

Најголем одзив до 18.30 часот има Демир Капија каде своето право на глас го оствариле 59,12% отсто или 1.971 од вкупно запишаните 3.331 гласачи. Поголема излезност има и во Гевгелија каде одзивот е 58,24%, Крушево со 58,08%, Прилеп каде гласале 55,93% од вкупниот број избирачи и Кавадарци каде гласале 17.154 гласачи односно 53,42 отсто.

Најмајлку гласачи повторно се регистрирани во Центар Жупа, само 14,50% од вкупно 6.953 регистрирани гласачи, Желино со 16,66%, Липково, 17,24%, Боговиње – 17,93% и Врапчиште каде гласале 18,23% од запишаните избирачи.

Изборите поминаа мирно и речиси без никакви инциденти. Регистрирани беа само неколку прекршувања на процесот, а најчесто стануваше збор за фотографирање на гласачкото ливче. Полицијата приведе неколку лица.

Невладините организации кои ги набљудуваа изборите исто така без забелешки околу текот на изборниот процес и информации запосериозни нарушувања на гласањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG