Линкови за пристапност

ДИК: Излезност до 15 часот - 28,69 %


Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) одзивот на гласачите до 15 часот е 28,69 % од обработени 85 отсто од избирачките места.Досега од вкупно запишаните 1.808.131 гласачи своето право на глас го искористиле 439.551граѓани на 3.480 гласачки места.

Најголем одзив до 15 часот има во Крива Паланка каде досега гласале 47,22% од запишаните избирачи,Демир Капија - 44,55%, Прилеп - 43,56%, Гевгелија - 39,26% иАеродром 35,45%.

Најмајлку гласачи засега излегле во Пласница само8,10% од вкупно 5.003 регистрирани гласачи, Липково - 9,75%, Центар Жупа 9,77% и Врапчиште 11,99%.

Изборите течат мирно и без поголеми нерегуларности, соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.

Од МВР соопштија дека се регистрирани неколку помали нарушувања на изборниот процес како фотографирање на гласачкото ливче

И од јавното обвинителство соопштија дека не се забележани сериозни нарушувања на изборниот процес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG