Линкови за пристапност

ДИК: Гласањето без проблеми, 38,51% излезност во странство


Денеска своето право на глас можеа да го остварат гласачите од дијаспората, осудениците, раселените и изнемоштените. Утре, на првиот круг од изборите, 1.808.131 запишани избирачи ќе може да гласаат за еден од тројцата претседателски кандидати на 3.480 избирачки места.

СКОПЈЕ - Најголема излезност до 18:30 часот е регистрирана во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) во Берлин -64,47 отсто, Букурешт - 64,29 отсто, Загреб - 61,11 отсто, Сараево - 60,71 отсто и Хаг - 60 отсто. Најмала излезност за време на денешното гласање за шесттите претседателските избори во ДКПдипломатскоконзуларните претставништва на Северна Македонија до 18:30 часот има во Венеција - 26,55 отсто, Копенхаген - 30,77 отсто и Абу Даби - 30 отсто.

Вкупната излезност во странство до 18:30 часот 38,51 отсто, односно гласале 686 гласачи, а во неа како што појасни портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, не се вклучени шест избирачки места во САД и Канада кои се уште се отворени и гласањето таму ќе се одвива до 19 часот по локално време.

„На 32 гласачки места во конзуларно-дипломатските претставништва на земјава, се пријавијавкупно 1.781 гласач“, рече Гугучевска.

Денеска се гласаше и во казнено поправните установи (КПУ). Според официјалните податоци на ДИК, на 13 гласачки места во установите право на глас имале вкупно 1.640 лица, гласањето поминало без проблеми, а излезноста до 18:30 часот изнесува околу 55 отсто.Седум од вкупно 12 лица кои се во куќен притвор гласале.

Болните и изменоштените исто така денеска можеа да го остварат своето право на глас. Од вкупно 3.539 граѓани, кои се пријавиле како болни гласале 3.064 лица, соопшти ДИК.

За шестите претседателски избори има голем интерес кај домашните и странските набљудувачи. Како што информираше ДИК акредитирани се вкупно 3.094 домашни и 419 меѓународни набљудувачи како и 289 преведувачи, а изборниот ден ќе го следат и 16 набљудувачи на ЕУ и парламентарното собрание на Советот на Европа.Тие ќе бидат распоредени во вкупно 80 општински изборни единици.

Најмногу набљудувачи ќе има граѓанската асоцијација „МОСТ“ - 1.500 кои ќе бидат распоредени на 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок. Меѓународната набљудувачка мисија ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи изборниот процес со 240 набљудувачи.

Утре, на првиот круг од изборите, 1.808.131 запишани избирачи ќе може да го остварат своето граѓанско право и да гласаат за еден од тројцата претседателски кандидати на 3.480 избирачки места. Според постојните законски прописи за првиот круг на претседателските избори не е потребен цензус, додека за вториот круг од изборите, во кој одат двајца кандидати со освоени најголем број гласови од првиот круг, е потребна излезност од 40 отсто или 723.253 гласачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG