Линкови за пристапност

Со минофрлачки гранати нападнати цивилни области во Триполи


Хуманитарната ситуација на теренот е сериозна со речиси 200 мртви, стотици повредени и многу раселени лица, оценил претставник на Обединетите нации за Либија

Со минофрлачки гранати беше нападната резиденцијалната област југозападно од главниот град на Либија, Триполи, во четвртокот, со што продолжуваат двонеделните судири меѓу владините сили поддржани од ОН и источната Либиска национална армија.

Германскиот амбасадор во ОН, Кристоф Хајсген изрази загриженост поради тоа што на мета на ракетите биле цивилни области.

Хајсген, кој е актуелен претседател на Советот за безбедност на ОН, разговараше со новинарите во Њујорк, откако претставникот на ОН за Либија пред членовите на Советот изрази голема загриженост поради зголемувањето на количините на оружје во Либија.

„Тој ја опиша хуманитарната ситуација на теренот, која повторно е сериозна со речиси 200 мртви, стотици повредени и многу раселени лица. Исто така, оцени дека досега нема напредок во политичкиот процес“, рече постојаниот претставник на Германија во Обединетите нации.

Судирите, кои избија претходно во април, се закана од граѓанска војна какво што беше востанието во 2011 година, кога беше соборен и убиен диктаторот Моамер Гадафи. Повеќе од 25.000 луѓе се раселени во судирите, соопштија Обединетите нации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG