Денеска во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе биде изречена пресудата за 17те обвинети за настаните од 27 април 2017 година и насилствата во Собранието познати како „крвавиот четврток“.
Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок за кое е предвидена минимална затворска казна од 10 години.
На обвинителната клупа се Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Игор Дурловски, Никола Митревски Кољо и Александар Василевски – Нинџа, Игор Југ, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски,
Судскиот процес почна во август минатата година а обвинети беа 33 лица меѓу кои и петмина пратеници.
Со законот за амнестија, изгласан во декември минатата година, амнестирани беа 15 обвинети вклучувајќи ги и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои ја отворија вратата од Собранието и овозможија толпата да упадне внатре и да ги нападне и претепа нивните колеги пратеници.
Во меѓувреме Обвинителството отвори нова истрага за организаторите на „крвавиот четврток“ каде обвинети се Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски. Тие исто така се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Facebook Forum