Линкови за пристапност

Нема извештај за инцидентите во „Шутка“, нема ни оставка од директорот


Пет дена по инцидентот во затворот во кој беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски сеуште нема детали што точно се случувало, кој и како од затворските службеници потфрлил и кој е виновен

СКОПЈЕ - Ниту оставка ниту извештај за тоа како се случија двата инциденти во кои беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски во дворот во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Јавноста сеуште без конкретни информации што е тоа што доведе до нападите, дали можеа да се спречат и чии се пропустите.

Иако директорот на затворот, Ѓоко Котевски, најави дека денеска ќе го достави извештајот заедно со својата неотповиклива оставка тоа не се случи.Ниту Котевски ниту од надлежната Управа за извршување на сакнции не одговорија на телефонските повици. Од Владата исто така засега без коментар и покрај тоа што премиерот Заев јавно побара од Котевски да даде оставка.

Претставниците на Канцеларијата на Народниот правобранител денеска излегоа со забелешки околу постапувањето на затворската управа и затворските службеници во врска со инцидентот. Тие извршиле увид во затворот а на распит бил повикан и директорот Ѓоко Котевски.

„Снимките се со лош квалитет. Се гледа физичката пресметка но не и тоа што и претходи. Видео надзорот во дворот е лошо покриен и дел од камерите не работат“, изјави Васка Бајрамовска Мустафа од канцеларијата на правобранителот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) пак,соопштија дека го чекаат извештајот од затворот „Скопје“ и Управата за извршување санкции околу инцидентот и доколку е потребно ќе постапуваат.

„Чекаме да заврши внатрешната истрага, бидејќи затворот и Управата се задолжени за внатрешното обезбедување и врз основа на тие извештаи доколку имаме наредба за какво било постапување ќе постапиме“, рече министерот Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција.

Во петокот, ден по инцидентот, директорот на затворот Котевски потврди дека имало пропусти од вработените и најави дека заедно со извештајот ќе ја достави и својата неотповиклива оставка.

„Јас сум одговорен човек, професионалец, посветен на службата и кога службата ќе потфрли, логично е од професионални и морални причини, да се поднесе оставка. Од досегашната истрага за случувањата утврдени се пропусти во постапувањата и непочитувања на стандардните безбедносни протоколи од службата за обезбедување на затворот „Скопје“ и затоа преземам одговорност“, рече Котевски во петокот.

Двата одделни инцидценти се случија во четвртокот во дворовите за прошетка во затворот „Скопје“ кога за само 45 минути беа нападнати Ристовски и Јанакиески од двајца осуденици, Есад Кафеџоли и Лирим Красниќи, членови на терористичката група од кумановско Диво Насеље. Двајцата притвореници, Јанакиески и Ристовски, се жалеа на потешки повреди по инцидентите нолекарските прегледи покаѓжаа дека тие немаат посериозни повреди и беа вратени во нивните келии.

По инцидентите, Кривиниот совет во скопскиот Основен суд 1 одлучи да ја укине мерката притвор за Јанакиески и да ја замени со куќен, додека Ристовски остана во притвор.

Двајцата беа притворени во средата вечер откако против нив беа поднесни кривични пријави за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Тие заедно со пораншениот спикер Трајко Вељаноски, Никола Груевски и Никола Бошкоски се сомничат дека се организатори на упадот во Собранието и насилствата од 27 април 2017 година познати како „крвавиот четврток“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG