Линкови за пристапност

Законодавците се договорија, но Трамп „не е одушевен“


Претседателот сугерираше дека ѕидот сепак ќе биде изграден, на начин што нема да бара авторизација од Конгресот.

Преговарањето во американскиот Конгрес резултираше во „начелен договор“ за финансирање на нова бариера по должина на американско-мексиканската граница и избегнување на друго затварање на владата на крајот на неделата, но претседателот Доналд Трамп вели дека „не е одушевен“ со договорот и дека граничен ѕид „ќе биде секако изграден“.

Трамп зборуваше на состанокот на неговиот кабинет во вторник, откако двопартиска група на законодавци направи договор доцна во понеделникот, кој според извори во Конгресот вклучува околу четвртина од средствата што претседателот ги бараше.

Сепак, американскиот лидер сугерираше дека ќе ја потпише легислативата за 1.375 милијарди долари за изградба на 88 километри нова ограда на границата.

„Нема да видите затварање на владата“, рече Трамп. „Мислам дека тоа нема да се случи. Не сакаме затварање“.

Тој сигнализираше дека бара други владини средства за изградба на ѕидот без авторизација од Конгресот, тактика што ќе донесе нови законски предизвици од опозиционите демократи.

„Многу од ѕидот се гради сега“, рече тој, зборувајќи за бариери кои се поправаат или се градат. Трамп кажа дека го разгледува договорот на двопартискиот панел од законодавци постигнат во понеделникот навечер пред да преземе натамошна акција.

XS
SM
MD
LG