Линкови за пристапност

Притвор за поранешни министри за земјоделство поради финансиски малверзации


Еден од осомничените доби куќен притвор поради влошено здравје а пратеникот Љупчо Димовски се повика на неговиот имунитет. Тие се товарат дека склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште кои не бил плаќани и не биле раскинати. Буџетот е оштетен за околу еден и пол милион евра

СКОПЈЕ - Тројца поранешни министри за земјоделие, сите од редовите на Социјалистичката партија, и еден поранешен заменик министер од ВМРО - ДПМНЕ се осомничени дека го оштетиле Буџетот на државата за околу еден и пол милиони евра. Станува збор за екс министрите Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски и заменикот Кристијан Делев кои во периодот додека раководеле со министерството склучиле над 500 договори за закуп на државно земјоделско земјиште кој не бил плаќан од закупците а тие пак не ги раскинале договорите и не побарале наплата на долговите.

По неколкучасовен распит пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд, на Цветков и Делев им беше одреден триесетдневен притвор додека на Спасеновски му беше изречен мерката куќен притвор поради неговото влошено здравје.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за четири лица, судија на претходна постапка при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор“, соопштија од судот.

Поранешниот министер а сега пратеник, Љупчо Димовски се повикал на пратеничкиот имунитет, и затоа за него дополнително ќе се одлучува.

Истрагата за финансиските малверзации почнала уште во 2016 година а финишираше утрово со приведувањето на четворицата поранешни функционери и кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања. Пратеникот Димовски последен беше спроведен во Судот бидејќи неколку часа одбивал да ја отвори вратат на полициските службеници.

„ Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од над 1,4 милиони евра“, соопшти Јавното обвинителство.

Од Собранието пак соопштија дека уште утре Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни ќе одржи седница на која ќе расправа за барањето за одредување притвор на пратеникот Димовски.

Од опозициската ВМРО - ДПМНЕ жестот реагираа обвинувајќи за политичка хајка на неистомисленици и побараа да се откаѓе барањето за одземање на имунитетот на Димовски. Тој е еден од петмината пратеници кои беа обвинети за насилствата во Собранието и беше амнестиран во декември минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG