Во време на конфликт на Блискиот исток и разидување на Европа, решението на спорот за името ќе ја донесе многу потребната стабилност во регионот, како и ќе биде инспирација за другите да решат навидум нерешливи проблеми, изјави Аманда Слоат од Институтот Брукингс во Вашингтон за грчката агенција АНА-МПА.
„Овој историски договор е доказ за политичката храброст на лидерите на двете држави. Исто така, ја покажува потребата од американска дипломатија, вклучувајќи ја поддршката од дипломати од администрацијата на Трамп, придонесувајќи за овој позитивен резултат“, изјави Слоат.
Таа нагласува дека Метју Нимиц, кој работеше на ова прашање две децении под покровителство на Обединетите нации, заслужува конкретно признавање за неговите неуморни напори.