Линкови за пристапност

Побарана независна истрага за убиствата и притворањата во Венецуела


Во Венецуела 20 лица се убиени, а 350 се притворени за време на протестите оваа недела

Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации Мишел Бачелет повика на преговори за разрешување на кризата во Венецуела.

Бачелет исто така побара да се спроведе независна истрага по извештаите дека безбедносните сили на Венецуела убиле 20 лица, додека 350 лица се притворени за време на протестите оваа недела.

​Американскиот претседател Доналд Трамп отворено го предупреди Мадуро дека „сите опции се на маса“ доколку нема мирна транзиција кон демократија во Венецуела.

Предупредувањето на Трамп следеше еден ден откако Мадуро соопшти дека ги прекинува дипломатските односи со САД како одговор на тоа што САД официјално го признаа претседателот на националното собрание Хуан Гуаидо за привремен лидер на Венецуела.

Имаме план во три фази кој ќе овозможи во овој период на институционална несигурност во Венецуела да се направи транзиција на власта и да се одржат слободни избори
Хуан Гуаидо, лидер на опозицијата во Венецуела

Опозицискиот лидер Гуаидо веќе подготвува план за транзиција.

„Многу работи се потребни за да се опорави Венецуела и јас инсистирам на помош од секој сектор. Разговаравме со претставници на меѓународната заедница, со граѓанскиот сектор. Видовме како на 23 јануари во Венецуела над седум милиони луѓе излегоа низ целата земја. Многу јавни претставници, многу Чависти (поддржувачи на поранешниот претседател Хуго Чавез) ни се придружија на бината. Имаме план во три фази кој ќе овозможи во овој период на институционална несигурност во Венецуела да се направи транзиција на власта и да се одржат слободни избори,“ рече Гуаидо.

​Меѓународната заедница се подели околу раководството на Венецуела. Кина и Русија изразија поддршка за Мадуро. Признавајќи го Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, на САД им се приклучија Канада и повеќето (11 од вкупно 14) членки на новоформираната група на латино нациите Лима (меѓу кои и Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Коста Рика, Гватемала и Перу).

Боливија, Куба, Иран и Сирија соопштија дека го поддржуваат Мадуро.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG