Неколку стотина млади луѓе пливаа по светиот крст во студените води на Охридското езеро за празникот Водици во Охрид. Иако температурата на водата беше само 6 степени тоа не беше причина и годинава бројот на капачи во Охрид да биде најброен. Најголема среќа имаше 28 годишниот Иван Лотески. Охрид изминатиот празничен викенд го посетија и голем број на домашни и странски туристи, а угостителските објекти за Водици и Денот на рибарите ги намалија цените на своите аранжмани и до 50%.