Линкови за пристапност

Најблискиот соработник на Ким Јонг Ун повторно на разговори во САД


Високиот државен претставник на Северна Кореја, Ким Јонг Чол, вчеравечер допатува во САД и се очекува да се сретне со државниот секретар, Мајк Помпео. Посетата на Јонг Чол, кој се смета за десна рака на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, е во рамките на договорот за денуклеаризација на корејскиот полуостров.

Претставникот од Северна Кореја треба да предаде писмо од неговиот лидер, упатено до претседателот на САД,, Доналд Трамп.

Пјонгјанг бара од САД да бидат симнати економските санкции и ги одбива барањата за, како што самите тоа го нарекуваат, „еднострано“ разоружување. Од Вашингтон, пак, и натаму се на ставот дека казнените мерки ќе останат додека севернокорејските власти не се ослободат од сиот нуклеарен арсенал.

Договорот за денуклеаризација на полуостровот беше постигнат на првата средба меѓу лидерите на САД и Северна Кореја што се одржа лани во јуни во Сингапур.

XS
SM
MD
LG