Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека САД остануваат посветени на борбата против ИСИЛ и покрај повлекувањето на силите од Сирија.
Зборувајќи пред новинарите во Египет на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукру, Помпео истакна дека останува одлуката на претседателот Доналд Трамп за повлекување на воените трупи.
Државниот секретар додаде дека САД „ќе останат цврст партнер во регионот, како за Египет, така и за другите“, и повика секоја од земјите да преземе акции за да се победи тероризмот.
Помпео исто така ја нагласил потребата од поголем притисок врз Иран од страна на американските сојузници.
Како што истакна, во разговорите со неговиот египетски колега станало збор и за „соочување со најголемата закана на Блискиот исток, односно со иранскиот режим и неговата кампања на тероризам и деструкција“.
Државниот секретар на САД се сретна и со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, при што станало збор за посветеноста на заштита на религиските слободи и борбата против тероризмот на Блискиот исток.