Линкови за пристапност

Трамп ќе ја посети границата на САД со Мексико


Американскиот претседател вo четврток ќе изврши увид на состојбата на границата од аспект на напорите на земјата за спречување на илегалната имиграција

Американскиот претседател Доналд Трамп, вo четврток ќе ја посети границата на САД со Мексико, за да ги види од прва рака напорите на земјата за спречување на илегалната имиграција, објави денеска Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, рече дека Трамп „ќе се сретне со оние кои што се на првата линија на националната безбедност и хуманитарната криза“ по должината на јужната граница на САД која се протега на 3.200 километри. Таа рече дека повеќе детали за патувањето ќе бидат објавени наскоро.

Посетата на Трамп на границата се случува во време на делумното исклучување на владата, кое трае веќе 17 дена. Трамп бара повеќе од 5 милијарди американски долари за изградба на ѕидот кој треба да ги спречи мигрантите, повеќето од нив од земјите од Централна Америка , да преминуваат во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG