Линкови за пристапност

Додека владата останува затворена, преговарачка група ќе работи викендов на наоѓање решение


По петочните разговори двете страни излегоа со различни оценки за разговорите

Претседателот Трамп ја оцени како „многу продуктивна“ средбата со конгресните лидери за ставање крај на делумното владино затворање, што беше поттикнато од несогласувањата дали да се финансира предлогот на претседателот за пограничен ѕид долж границата САД- Мексико.

Оценките на Трамп беа спротивни на оние од демократскиот лидер Чарлс Шумер, кој беше меѓу група законодавци со кои претседателот се сретна во Белата куќа. Шумер на новинарите во Белата куќа им рече дека по средбата, претседателот најавил дека ќе ја држи владата затворена „мошне долг период, месеци, можеби и години“.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека Трамп и законодавците имале „долга, и на моменти жестока конверзација“ и потенцирале дека не може да се најде договор за финансирање на ѕидот се` додека владата не биде целосно отворена.

И покрај изјавите од демократските законодавци дека е направен мал напредок, Трамп рече дека „се наоѓаме на иста патека“, повторно да ја отвориме владата“, истакнувајќи ги придобивките од цврста челична или бетонска структура долж границата.

Лидерот на сенатските републиканци Мич Меконел рече дека Белата куќа и конгресните лидери ќе назначат преговарачи за група што ќе работи на наоѓање решение за време на викендот.

Средбата дојде еден ден откако новата група на законодавци дадоа заклетва на функцијата во Претставничкиот дом што сега е под контрола на демократите.

Претставничкиот дом усвои план во четвртокот за повторно отварање на федералната влада, но мерката не вклучи пет милијарди долари што претседателот ги бараше за изградба на ѕид на американската граница со Мексико.

„Нема да има ѕид“, рече Ненси Пелоси, демократка, по давањето заклетва на функцијата спикер на Претставничкиот дом. Таа ссугерираше дека парите може подобро да бидат употребени за технологија за погранично обезбедување и за вработување на повеќе погранични агенти.

Сенатскиот републикански лидер Мич Меконел планот на Претставничкиот дом за прекин на затворањето на владата го нарече „политички театар“, иако и Сенатот под контрола на републиканците понуди идентичен предлог минатиот месец.

Регислативата што помина во четвртокот предвидуваше повторно отворање на федералната влада и финансирање на Одделот за домашна безбедност до почетокот на февруари.

Трамп ги обвинува демократите за сегашната ситуација.

„Затварањето е само заради претседателските избори во 2020“, напиша тој на Твитер во четвртокот. „Демократите знаат дека не можат да победат базирано на сите постигнувања на Трамп, и затоа се фокусираат на очајнички потребниот ѕид и погранична безбедност и вознемирување на претседателот. За нив, ова е стриктно политика“.

Трамп кажа дека на државата и` е потребна заштита и предупреди дека криминал, дрога и банди се влеваат во САД од Мексико.

Додека ова не се речи, 800.000 федерални работници се надвор од работните места или работат без плата.

XS
SM
MD
LG