Линкови за пристапност

Сенатот усвои реформа на кривичниот систем


Со актот што се смета за голем двопартиски успех, намерата е системот да се направи похуман и пофер, како и да се намали затворската популација.

Американскиот Сенат во вторникот со големо мнозинство одобри легислатива за намалување на значителната затворска популација со намалување на некои од задолжителните федерални казни, со давање нови можности на затворениците да заработат редуцирање на времето во затвор и охрабрување на затворениците самите да си помогнат за да направат помалку веројатно да се вратат на криминал по пуштањето на слобода.

Актот наречен Прв чекор мина со 87-12 гласови, и поддржувачите на него гледаат како на одамна потребната реформа на системот за правда. Напорот беше заеднички добивајќи ја поддршката на двете партии и од претседателот Доналд Трамп.

„Честитки за Сенатот за двопартиското усвојување на историскиот документ за реформа на кривичното законодавство“, напиша Трамп на Твитер кусо време по гласањето. „Едвај чекам да го потпишам за да влезе во сила“.

„Законот прави умни промени на нашиот систем за кривично право на начин што ќе го направи пофер, похуман и поправеден“, кажа лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер од Њујорк.

„Оваа легислатива е доказ дека може да бидеме цврсти во однос на криминалот и да сочувствуваме со оние кои заслужуваат втора шанса“, кажа во соопштение републиканецот од Мисисипи, Роџер Викер.

Законот ретроактивно ја прекинува дискрепанцата во федералното казнување за кривични дека во врска со дрога, кои инволвираат крек и кокаин во прав , што ќе го намали отслужувањето на затворска казна за илјадници затвореници.

Легислативата исто така намалува некои задолжителни казни, на федералните судии им дава поголема флексибилност да направат исклучоци за задолжителните затворски казни и да им дозволи на затворениците да заработат намалување на казната со добро однесување, како и да имаат можност за тренинг за вокација.

Поддржувачите велат дека законот има за цел да коригира неуспешен обид за одвраќање на илегалното користење на дрога од 1980-те со кој биле воспоставени долги задолжителни затворски казни за дела поврзани со дрога.

„Од 1980, популацијата во затворите пораснала над 700 проценти“, кажа демократот од Илиноис Дик Дурбин. „Денеска САД држат повеќе затвореници од која било друга држава во светот, повеќе од Русија или Кина“.

Дурбин додаде дека постојниот закон не е фер во таргетирањето на луѓе што не се бели, велејќи „Најголемиот дел од трговците со дрога во Америка се бели. Но три четвртини од луѓето кои служат затворска казна се Афроамериканци или Латино“.

Претставничкиот дом усвои слична верзија на законот, порано годинава. Неделава Сенатот сакаше да ја комплетира работата пред да се распушти за Божиќ.

Американската затворска популација надмина 2 милиони луѓе, а затварањето чини многу. Кога ќе влезе во сила законот ќе има ефект само на федералните затвореници, кои чинат околу 10 проценти од цифрата. Други иницијативи сакаат да постигнат сличен резултат на ниво на сојузни држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG