Линкови за пристапност

Трамп ја затвора фондацијата во Њујорк после тужбата за нејзина злоупотреба


Американскиот претседател Доналд Трамп ja затвора неговата хуманитарна фондација, откако адвокатка од Њујорк покрена тужба со која го обвини првиот човек на САД дека ја злоупотребил фондацијата за бизнис интереси, како и во корист на неговата претседателска трка во 2016 година.

Адвокатката Барбара Андервуд тврдеше дека фондацијата служела како лична книга за исплати во служба на бизнисите на Трамп и на неговите политички интереси.

Средствата на фондацијата, како што истакна Андервуд, ќе бидат трансферирани во следните 30 дена до хуманитарни организации што прво ќе бидат скенирани од страна на нејзината канцеларија.

Согласноста за затворање, не значи и крај на тужбата, која вклучува и тврдења дека Трамп и неговите деца ја злоупотребиле фондацијата за даночни ослободувања, како и дека ја нарушиле законитоста за финансирање на претседателската кампања.

Во рамките на тужбата се и побарувања од 2,8 милиони долари како отштети и забрана за трите најстари деца на Трамп да бидат во раководните структури на која било непрофитна организација на подрачјето на сојузната држава Њујорк.

XS
SM
MD
LG