Линкови за пристапност

Законот за амнестија влегува во Собранието, Судот и Обвинителството ќе одлучуваат кој ќе ја добие


Sobranie riots
Sobranie riots

Во предлог законот е даден опис на дела кои нема да бидат амнестирани.Организатори, маскирани, вооружени и лица кои сториле насилство немаат право на амнестија. Според најавите, законот ќе важи само пет дена и во тој рок сите кои сакаат да бидат амнестирани ќе треба да поднесат барање

СКОПЈЕ –Телото за помирување го одобри нацрт-предлог законот за амнестија кој попладнево ќе влезе во собраниска процедура. Законот треба да биде усвоен на седницата закажана за попладне и пред завршувањето на судскиот процес за настаните од 27 април. Во телото за помирува учествуваа сите парламентарни партии освен опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Во текстот на предлог законот е даден опис на делата кои нема да се амнестираат па така со амнестијата неа нема да бидат опфатени нарачателите и организаторите на насилствата, лицата кои сториле насилство, биле вооружени или маскирани или кои се товарат за убство, насилство или здружување заради непријателска дејност.

„ Одредбите не се однесуваат за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој закон сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност”, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, кривичното дело „Убиство” икривичното дело „Насилство”“, стои во текстот на предлог законот.

Со ова станува јасно дека амнестија нема да има за полициските функционери кои се обвинителна клупа, но нејасно е околу делот на тие кои биле вооружени бидејќи во текот на судската постапка Обвинителството не изведе ниту едно парче оружје како доказ против некој од обвинетите.

Откако овој закон ќе стапи на сила, сите лица кои сакаат да бидат амнестирани ќе имаат рок од пет дена да поднесат барање за амнестија. Барањето ќе се поднесува до кривичниот суд кој има ист временски рок, пет дена, да донесе одлука дали лицето ќе биде амнестирабно или не. При одлучувањето судот ќе треба да се консултира со Обвинителството.

„ Барањето се поднесува во рок од 5дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од 5 дена по приемот на барањето доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител“, предвидува законот за амнестија.

Ова значи дека одлуката кој ќе биде амнестиран телото за помирување со овој закон ја префрли на Судот и на Обвинителството.

„ Судот го носи решението по претходно мислење на надлежниот јавен обвинител што го води случајот и оттука, ние како собраниско тело не се ни обидуваме ниту сакаме да вршиме каков било ограничување на правото и надлежноста на обвинителството и судот, самите да ценат за тоа со какви докази располагаат за лицата кои ќе побараат иднивидуално барање согласно со овој Закон. Затоа не навлегувавме во прецизирање на кривичните дела, не правиме квалификација на делата“, изјави потпретседателот на СДСМ и копретседавач на телото за помирување Фросина Ременски.

Експертите засега воздржани околу текстот на законот кој тукушто беше објавен на сајтот на Собранието,

Судскиот процес за настаните од 27 април е во завршна фаза. Се чека на декласификација на дополнителни докази кои ги достави обвинетиот Митко Чавков како и доказите на Александар Василевски – Нинџа и по нивното изведување ќе се почне со давање на завршните зборови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG