Линкови за пристапност

Русинката обвинета за шпионирање во САД ќе се изјасни за виновна


Марија Бутина, која беше задржана во САД под обвинение за инфилтрирање во Републиканската партија и заради обидот да обезбеди информации за Москва ќе се изјасни виновна во судското сослушување закажано за утре.

Засега не се објавени кривичните дела по кои ќе биде обвинета 30 годишната руска државјанка. Бутина е во притвор од јули.

Бутина се изјасни дека не е виновна за наводите дека дејствувала нелегално како нерегистриран агент на руската влада, користејќи ја руската група Право за носење оружје, со цел да воспостави врски со најмоќното американско лоби за правото на поседување оружје - Националната асоцијација за оружје и да ја промовира Републиканската партија.

Случајот Бутина не е поврзан со истрагата на советникот Роберт Мулер за тоа дали претседателската кампања на Доналд Трамп соработувала со Русија и дали како претседател, Трамп ја попречувал правдата во обид да ја спречи истрагата.

XS
SM
MD
LG