Линкови за пристапност

Од утре воена состојба во десет региони во Украина


Според Русија воената состојба во Украина ќе ги разгори непријателствата во источна Украина

Русија во вторникот изјави дека одлуката на Украина за воведување на воена состојба, откако руските сили запленија три украински бродови заедно со нивниот екипаж во Црното море, може да доведе до разгорување на непријателствата во источна Украина.

Украинскиот парламент во понеделникот одобри воена состојба со почеток од среда во десет од вкупно 27 региони.

Претседателот Петро Порошенко рече дека воената состојба ќе помогне да се „зајакнат украинските одбранбени капацитети во услови на се поголема агресија и според меѓународното право ладниот акт на агресија од страна на Руската федерација“. Тој додаде дека Украина има намера „да продолжи да се придржува до сите меѓународни обврски“.

Русија отвори оган на украински воени бродови во Црното море во неделата, обвинувајќи ги дека навлегле во нејзините територијални води.

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли ја осуди Русија за „нарушувањето на суверенитетот на украинската тетриторија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG