Линкови за пристапност

Се избира порота за судењето за убиството во Шарлотсвил


Обвинителите покренаа обвинение со 10 точки против 21-годишниот Џејмс Филдс, кој се товари за убиство од прв степен и може да добие доживотна казна

Денеска започнува изборот на порота за судењето на Американецот обвинет за убиство на жена откако со автомобил удри во група луѓе кои протестираа против белите супремацисти во Шарлотсвил, Вирџинија во август минатата година.

Обвинителите покренаа обвинение со 10 точки против 21-годишниот Џејмс Филдс, кој покрај другото се товари и за убиство од прв степен, поради што може да добие доживотна затворска казна ако биде осуден.

Филдс беше во групата бели националисти кои во август 2017 година отидоа во Шарлотсвил, Вирџинија, за да протестираат поради одлуката на градот за отсранување на споменикот на генералот на Конфедеративните сили од времето на Граѓанската војна во САД, Роберт Е.Ли.

Собирот ескалираше со судир меѓу неонацистичките поддржувачи и контрапротестантите. Властите го обвинуваат Филдс дека со возило влетал во толпата, при што ја уби 32 годишната Хедер Хаер и повреди дестици луѓе.

Се очекува судењето да трае околу три недели.

Филдс, исто така, во одделен судски процес се соочува со федерални обвиненија за злосторства од омраза. На судско рочиште во јули тој се изјасни за невин во однос на таквите обвиненија, но датум за тоа судење се уште не е утврден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG