Линкови за пристапност

Јанакиески и Божиновски спроведени во „Шутка“


Јанакиески и Божиновски спроведени во „Шутка“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

На двајцата им е одреден триесетдневен притвор по барање на Специјалното Јавно обвинителство

Скопје - Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, ноќеска се приведени и спроведени во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Нивното апсење доаѓа на барање на Специјалното Јавно обвинителство поради опасност од бегство на кое Кривичниот суд позитивно одговорил и им одредил триесетдневен притвор.
Од судот соопштија дека притворот им е одреден за предметот „Титаник“.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство“, соопштија од судот.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во повеќе предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Груевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“. По него е распишана меѓунардона потерница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG