Линкови за пристапност

Матис во среда на американско-мексиканската граница


Секретарот за одбрана Џим Матис вели дека во среда ќе патува на јужната американска граница , каде се стационирани илјадници американски трупи за поддршка на агентите за патролирање на границата.

Зборувајќи пред новинарите во вторник во Пентагон, Матис кажа дека засега „нема промена“ на мисијата на армијата на САД.

„Ќе треба да видиме како ќе се развива ситуацијата“, рече тој.

Претседателот Доналд Трамп побара зголемен број на погранично обезбедување за да се спречи караван од бегалци и баратели на азил од Централна Америка да влезе во САД, велејќи дека неговиот пристап е во рамките на „национална вонредна состојба“.

Повеќе од 5.600 трупи во активна служба и уште 2.100 трупи на националната гарда се распоредени на американско-мексиканската граница по барање за помош од Одделот за домашна безбедност.

XS
SM
MD
LG