Линкови за пристапност

Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил


Постот е објавен пред половина час на официјалната страна на Груевски на социјалната мрежа „Фејсбук“ но останува прашањето дали зад порака стои тој или некој во негово име

Поранениот премиер а сега пратеник и почесен претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, по четиридневен молк и бегство се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“ и порача дека се наоѓа во Будимпешта каде побарал политички азил.

Засега нема потврда за автентичноста на пораката односно дали профилот на Груевски е хакиран или тој самиот ја напишал пораката во која е наведено дека во последните неколку денови имал закани по животот.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува во пораката на Фејсбук.

Груевски, од вчера попладне се бараше со потерница од МВР, откако судот не успеа да го најде и да му го врачи решението со кое се потврдува одлуката дека тој мора веднаш да се пријави во истражниот затвор „Скопје“ на издржување на двегодишна затворска казна.

Груевски последен пат беше виден во четвртокот во Кривичниот суд, а според полициските службеници кои го обезбедуваат последен пат со нив имал контакт во четвртокот вечер.

Никола Груевски е осуден на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“ на СЈО за спорната набавка на луксузниот „мерцедес“ вреден околу 600 илјади евра.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG