Линкови за пристапност

МВР распиша потерница по Груевски


Попладнево, Кривичниот суд побара од МВР асистенција за пронаоѓање и приведување на пратеникот Никола Груевски заради издржување на двегодишна затворска казна

СКОПЈЕ - Поранешниот премиер и претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе неколку часа се бара со потерница од полицијата. Судскиот доставувач и денеска не го пронајде на адресата од личната карта за да му го врачи решението со кое се отфрла барањето за одложување на издржување на затворската казна, па единствено што му преостана на судот е да побара од МВР да го пронајде, приведе и спроведе во истражниот затвор „ Скопје“ во Шуто Оризари.

„Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата“, стои во соопштението од судот.

Кривичниот совет во скопскиот Основен суд 1, во петокот, ги одби жалбите на Груевски и неговиот адвокатски тим на одлуката со која беше одбиено барањето за одложување на затворската казна поради неодложни обврски во Парламентот. Истиот ден, судскиот доставувач неколку пати се обиде да му го врачи решението на рака, но Груевски не беше на домашната адреса. Претпладнево, директорот на затворот го извести судот дека Груевски не се јавил доброволно на издржување на казната.

Пратеникот Никола Груевски е осуден на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“ на СЈО за спорната набавка на луксузниот „мерцедес“ вреден околу 600 илјади евра.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG