Мнозинството земји членки на Обединетите нации изгласаа резолуција за укинување на економското ембарго што Соединетите Американски Држави пред повеќе од половина век ги воведоа кон Куба. Очекувано, САД беа против оваа резолуција, но и Израел.
Во образложението за носењето на одредбата беше истакнато дека повеќедецениското ембарго, кое датира од 1958 година, го попречува социјалниот и економскиот развој на кубанската нација.
„Блокадата е навредливо, масовно и систематско нарушување на човековите права на Кубанците. Во исто време, таа е репресивна и за граѓаните на Соединетите Американски Држави, на кои им е скратена слободата да патуваат во Куба, единствено место на светот на кое не им е дозволено да одат“, рече Бруно Родригез Парила, кубански министер за надворешни работи.
Сепак, гласањето е повеќе симболично и нема моќ да го укине ембаргото. Конгресот на САД е единствената институција што може да донесе таква одлука.
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, рече дека САД не се загрижени за нивната изолација во ОН, во однос на тоа прашање.