Линкови за пристапност

Мицкоски побара исклучување на Мијалков и Тодоров и го разреши потпретседателот Јанчев


„Расчистуваме со хипотеките од минатото“, соопштија од партијата. Обвинувања за соработка со премиерот Заев и уцени, поткуп, закани и притисоци и кон пратениците од партијата. Разрешен и реформаторот Богданов. Централниот комитет со едногласна поддршка за претседателот Мицкоски

СКОПЈЕ - Превирањата во најголемата опозициска партија продолжуваат. По исклучувањето на седумте пратеници кои ги поддржаа уставните измени продолжија да „летаат глави“ во партијата. Вечерва, на вонредна седница на Централниот комитет ( ЦК), покрената е постапка за исклучувањеод партијата на Сашо Мијалков и Никола Тодоров поради „соработка со премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице но и притисоци, уцени и закани кон пратениците од опозицијата да ги поддржат уставните измени“. Разрешени од функција се потпретседателот и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет, реформаторот Константин Богданов. Мицкоски побарал свикување на вореден конгрес за избор на нов претседател на партијата, но тоа едногласно било отфрлено од членовите на ЦК.

„ Историска седница на Централниот Комитет. ВМРО - ДПМНЕ има силен механизам кој успеа да ја исчисти партијата и да се врати на идеалите и корените. Од денеска ништо повеќе не е исто. Завршуваме со хипотеките од минатото“, рече потпретседателот Александар Николоски пред седиштето на партијата.

Тој ги обвини Сашо Мијалков и Никола Тодоров дека соработувале со премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице и дека вршеле притисок врз пратениците да ги поддржат уставните измени.

„ Ви ја честитам криминалната коалиција меѓу Сашо Мијалков, Зоран Заев и Вице Заев. Заради притисоци, уцени, закани со напади у нудење поткуп покрената е постапка за исклучување од партијата на Сашо Мијалков и Никола Тодоров“, соопшти Николовски и повторно побара од Обвинителството да ги истражи овие наводи.

Потпретседателот додаде дека заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО - ДПМНЕ, соработка со премиерот Заеви формирање на група за уцени и притисоци врз пратениците се разрешени потпретседателот на партијата, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Константин Богданов.

„Бараме од осумте пратеници кои гласаа за уставните измени и кои се исклучени од партијата да поднесат оставки на своите функции“, кажа Николовски

Шпекулациите за отворен судир меѓу Мицкоски и Мијалков се потврдија, иако до пред почетокот на седницата на ЦК, од партијата тоа го негираа.

Претпладнево, во изјава за медиумите Мијалков ги отфрли инфромациите за судир со претседателот Мицкоски и влијание врз пратениците да гласаат „за“ уставните измени оценувајќи ги како шпекулација.

Јанчев по разрешувањето без изјава за јавноста.

Истовремено и единствениот пратеник од коалициската ГРОМ , Пачно Минов од Кавадарци, веднаш по потврдата за разрешувањето на Јанчев, соопшти дека ја напушта коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ и дека ќе настапува самостојно.

„ Вакви недемократски методи поради различно мислење во партијата, за мене е несфатливо. Ќе бидам надвор од таа коалиција додека Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Минов.

По разрешувањето Богданов напиша дека е последица наразличните ставови со претседателот Мицкоски

„Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата“, смета Богданов.

Дека има сериозни превирања во ВМРО - ДПМНЕ кои излегоа на виделина по петчното гласање во Собранието се потврди утрово кога неколку истакнати членови на партијата, преку социјалната мрежа „ Фејсубк“ соопштија дека застануваат на страната на Мицкоски кој ја има нивната поддршка. Поранешниот спикер Трајко Вељаноски напиша дека„ во овие тешки моменти Мицкоски ја има неговата поддршка и уверен е дека е на ист курс со членството“. Пратеникот Антионио Милошоски пак напиша дека Мицкоски ја има неговата поддршка бидејќи покажал дека му била побитна демократската доверба којагласачите ја дале на партијата додавајќи дека консолидацијата и единството во ВМРО – ДПМНЕ се потребни и полезни за државата.

Пред почетокот на седницата на ЦК, со писмо до јавноста се обрати и пратеникот Илија Димовски кој ја критикуваше актуелната политика на партијата бидејќи водела во изолација но и во и губење на капцитетите да влијае на политичките процеси во државата. Димовски го осуди разрешувањето на како што кажа т.н „предавници и нелојални“ членови. Тој смета дека партијата мора да направи измени во статутот, демократизација на процесите за внатрепартиските избори, да се направи дисконтитуиет со грешките од минатото, да не се гради култ кон личност и партијата да работи на обновување на собработка наместо изолација за повторно да може да влијае на политичките процеси во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG