Линкови за пристапност

Добитниците на Нобелова награда за хемија „ја зауздаа моќта на еволуцијата“


Тројца научници, од кои двајца Американци и еден Британец, ја освоија Нобеловата награда за хемија за нивната работа во развојот на методите за генетски промени и селекција за производство на нови материјали, лекови и биогорива

Кралската шведска академија на науките денеска ја соопшти наградата со која се доделуваат и еден милион долари.

Американката Френсис Арнолд е наградена за ,,насочената еволуција на ензимите”, користејќи ги принципите на природна селекција за да се создадат нови протеини кои ги забрзуваат хемиските реакции.

Од Академијата истакнуваат дека работата на Арнолд во лабораторијата резултираше со побрза еволуција произведувајќи протеини кои имаат нови и корисни состојки.

Американецот Џорџ Смит е награден за неговиот придонес во развојот на вирус кој ги инфицира бактериите со цел да се развијат нови протеини.

Британскиот истражувач Грегори Винтер е третонаграден за неговата работа на вклучувањето на антителата во создавањето на нови лекови. Од Академијата посочуваат дека методот е употребен за да се создадат лекови за болести како што се ревматоиден артритис, псоријаза, автоимуни болести и метастазиран рак.

Во петок ќе биде соопштена Нобеловата награда за мир за оваа година, додека во понеделник ќе биде доделена Нобеловата меморијална награда за економски науки. Оваа година нема да се додели Нобеловата награда за литература.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG