Линкови за пристапност

Админстрацијата на Трамп го пропушти рокот за бегалци


Консултациите и одлуката на Претседателот за максималниот број на бегалци вообичаено со одржуваат до 1 октомври

Админстрацијата на Трамп го пропушти крајниот рок од фискалната година да го одреди максималниот број на бегалци на кои што ќе им биде дозволено да дојдат во Соединетите Американски Држави во следните 12 месеци.

,,Консултациите и одлуката на Претседателот која следи, вообичаено со одржуваат до 1 октомври. Но во одредени прилики консултациите и одлуката на Претседателот завршуваат подоцна.”-рече Портпаролот на Стеј Департментот на САД во изјава за Гласот на Америка. ,,Не очекуваме дека ова ќе има некакво оперативно влијание на Програмата за прием на бегалци.”

Агенцијата не одговори веднаш на барањето за ажурирање на временската рамка.

Во последните седмици, администрацијата предложи рекордно ниско ниво за фискалната 2019 година од 30.000 бегалци, и беше побарана консултација со Конгресот за ограничувањето пред Претседателот да излезе со конечна бројка.

Претседателот Доналд Трамп, по преземањето на функцијата, драматично го намали бројот на бегалци во САД.

Според податоците на Стејт Департментот од 1 октомври 2017 до 30 септември 2018 година 22.491 бегалец дошле во земјата, што е далеку под прагот од 45.000 кој што Трамп го одреди минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG