Референдумскиот процес почна во 7 часот со отварање на гласачките места во државата. Засега не се регистрирани сериозни нарушувања на гласачкиот процес или инциденти.
Од ДИК соопштија дека заклучно со 9 часот, од обработени 71,53 проценти од избирачките места, процентот на избирачи кои гласале е 2,45 отсто. Најголема излезност до 9 часот има во општина Демир Хисар со 4,12 проценти, а најмала во општина Конче 0,73
проценти.
„ Досега до ДИК доставени се вкупно три приговори за заштита на личното избирачко право и сите три приговори се одбиени како неосновани“, изјави портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска, на првата прес конференција одржана денеска.
Гугучевска појасни дека сите три приговори граѓаните ги поднеле до ДИК затоа што не биле запишани во изводите од Избирачкиот список.
Државната изборна комисија ги соопшти официјалните резултати од гласањето во дијаспората, казнено поправните институции и на болните и изнемоштени.
Според ДИК во државно конзуларните претставништва гласале 985 граѓани од вкупно 2.694 лица со право на глас или 36,56%.
Во казнено поправните институции гласале 1.008 затвореници или 64,69%. Од 1859 лица кои гласаат дома, односно болни и немоќни, гласачкото право го оствариле 1520 гласачи.
Facebook Forum