In memoriam: Киро Глигоров
Фотографии АР

5
Групна фотографија на новата македонска Влада со македонскиот Претседател Киро Глигоров, во Скопје декември 1998. Новата Влада е сочинета од 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ, 8 членови на ДА и 5 членови на ДПА.

6
Американскиот Секретар за одбрана Вилијам Коен се ракува со македонскиот Претседател Киро Глигоров во Скопје, во декември 1997. Секретарот Коен ги посети американските трупи во базата Петровец.

7
Претседателот Борис Јелцин наздравува со колегата Киро Глигоров на прием во Кремљ, во Москва, во јануари 1998. Јелцин и Глигоров потпишаа декларација за пријателство и соработка, прв таков документ меѓу Русија и Македонија.

8
Собата во која живеел Мустафа Кемал Ататурк додека учел на Воената академија во Битола. Од лево на десно: Киро Глигоров, турскиот Претседател Сулејман Демирел, Нада Глигорова и Назмие Демирел. Битола, октомври 1998.