Македонски филмски фестивал во Торонто
5-от Македонски филмски фестивал во Торонто понуди разновидни теми разработени од млади, но и докажани автори кои живеат и работат во странство. Оваа филмска смотра е единствена од овој вид на американскиот континент. Атрибутот „македонски“ му дава посебен шарм, упатувајќи на нераскинливата врска на филмаџиите со татковината, кажа организаторот Вирџинија Еванс на затворањето на фестивалот. Фоторепортажа од Торонто од Јане Бојаџиевски.