Линкови за пристапност

Заев: „На референдумот одлучуваме за нашата иднина“


Денот на независноста го славеа и Владата и противниците на референдумот на различни локации во Скопје. Упатените пораки - дијаметрално спротивни. Премиерот повика на единство и масовност на претстојниот референдум во интерес на иднината, противниците на оставки од пратениците и министрите

СКОПЈЕ - Историски момент и неповторлива шанса која ја имаат граѓаните во Македонија за да го трасираат патот кон иднината преку членство во НАТО и ЕУ кои гарантираат безбедност, стабилност и економски просперитет. Ова беа клучните пораки во говорот на премиерот Зоран Заев на денешната централна прослава на Денот на независност која се одржа на платото пред Владата.

„Овој историски момент е поголем од секој од нас, од нашите партии, кавги или лични интереси. Да ги оставиме различните убедувања и интереси за момент зад нас и да ја видиме светлината на Европа која не повикува. Сега имаме можност како никогаш до сега, да излеземе гордо и да одлучиме за нашето место во братството на европските народи, во Европската Унија, и да застанеме рамо до рамо, рамноправни со најсилните земји на светот, членки на НАТО“, потенцираше премиерот Заев.

Голем дел од своето обраќање тој го посвети на младите од кои побара поддршка и масовност на претстојниот референдум пред се заради нивната иднина.

„ Бидете будни и гласни. Преземете конретен чекор на 30 септември. Вие одлучувате, за вас, за вашата иднина. Кажете им на своите блиски, на другарите, на родителите, на бабите и дедовците дека ова е ваше време и дека треба да станат и да излезат за вас, за вашата иднина и за иднината на европска Македонија“ рече премиерот.

Заев говореше и за Договорот со Грција, придобивките од него и нагласи дека ќе се потврдат македонскиот јазик и македонската националност.

„ Наша одговорност и света должност беше да го зачуваме идентитетот македонски. Не само што го зачувавме, туку и го потврдивме и зајакнавме. Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишуваат во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми. Никој повеќе не го оспорува тоа“ изјави Заев.

Во својот говор, тој им се заблагодари на сите граѓани и етнички заедници кои во овие според него клучни моменти покажале солидарност и дале силна поддршка на сограѓаните Македонци.

Меѓутоа, ова не беше единствената прослава на Денот на независноста. Движењето „Бојкотирам“ и Координативното тело против референдумот организираа прослава во Градскиот парк а потоа и пред Собранието на РМ .

Од бината претставници на ови граѓански здруженија се обратија додомашната и меѓународната јавноста а од пратениците и министрите во Владата побараа оставки во рок од 48 часа. Доколку нивните барања не бидат исполенти тие најавија радикализирање на протесите со блокирање на патишта и граѓанска непослушност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG