Линкови за пристапност

Трамп бара „Њујорк Тајмс“ да го каже анонимниот извор


Претседателот вели дека весникот треба да го предаде изворот на обвинителството

Претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер напиша дека „Њујорк тајмс“ треба веднаш да го предаде анонимниот официјален претставник од неговата администрација на обвинителството.

Претседателот бурно реагираше на мислењето во весникот, објавено од наводно висок официјален претставник на администрацијата на Трамп, кое тврди дека импулсивното однесување на претседателот многу често е поради сопствените вработени.

Пред ова да го објави на Твитер, Трамп праша дали навистина постои таканаречен „висок официјален претставник на администрацијата“ или, вели тој, ова е уште еден неуспешен обид на „Њујорк тајмс“ да користи лажен извор.

Трамп го нарече анонимното автор „плашливец“, додека пак тој го објасни Трамп како човек без морал и лице против трговијата и демократијата.

Текстот се совпаѓа со новата книга „Страв“ на новинарот Боб Вудвард, во која се вели дека сопствените вработени на Трамп краделе важни документи од неговото биро. Трамп вчера книгата ја нарече „фикција“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG