Линкови за пристапност

Најк потпиша договор за спонзорство со Коперник


Поранешниот играч во Националната фудбалска лига започна со протестите против расната нееднаквост и полициската бруталност

Поранешниот играч во тимот за американски фудбал од Сан Франциско, Кевин Коперник беше избран од компанијата за спортска опрема Најк да биде една од ѕвездите во најновата рекламна кампања. Тој претходно го привлече вниманието со протестите против расната нееднаквост и полициската бруталност.

Откако започнаа протестите со клечење за време на интонирањето на националната химна пред натпреварите во 2016-та година, на Коперник му се придружија десетици играчи од Националната фудбалска лига. Тој нема да игра оваа сезона и моментално ја тужи лигата, наведувајќи дека сопствениците се заложиле да не потпишат договор со него поради неговиот активизам.

Најк не ги објави условите од договорот за спонзорство, но Асошиетед прес цитираше лице запознаено со договорот, велејќи дека се вклучени голем број реклами, негова сопствена линија на обувки и облека и донации за неговата добротворна организација.

Најк е официјален провајдер во Националната фудбалска лига која започнува со новата сезона во четврток.

Протестите на играчите од Националната фудбалска лига добија поддршка од јавноста, но и критики од претседателот Доналд Трамп, кој протестите ги прикажува како непријателски чин. Реакцијата на договорот на Коперник со Најк донесе слична реакција.

Многумина ја поздравија одлуката, додека други ветија дека ќе ги уништат производите на Најк што ги поседуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG