Линкови за пристапност

ЕУ со кампања за успешен референдум


ЕУ со кампања за успешен референдум
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Успешното имплементирање на Договорот од Преспа, ќе биде позитивен пример за регионот

Неполн месец од референдумот, Европската Унија се вклучува со кампања „Замисли иднина заедно“ за на македонските граѓани да им ги објасни придобивките од зачленувањето на земјата. Затоа, денеска во Скопје беше првиот човек на одделот за соседски политики и проширување. Пораката на Кристијан Даниелсон беше јасна -излезете и гласајте.

„На 30 септември граѓаните ќе направат избор што ќе ја оформи иднината на вашата земја и тој избор ќе има последици за идните генерации. Ве повикувам да го искористите вашето демократско право и да гласате на претстојниот референдум“, изјави директорот за соседски политики и проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

За Брисел, успешното имплементирање на Договорот од Преспа, ќе биде позитивен пример за регионот – дека и тешките прашања меѓу соседите со дијалог може да се решат. Унијата, според нејзините претставници, сака Македонија да ја види во своите редови.

„Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднакво дел на пошироко семејство, од тоа јазикот на Блаже Конески, Матеја Матевски, Лидија Димовска да стане официјален јазик на ЕУ преведен како никогаш досега. Да бидеме сведоци на вашата култура, јазик и идентитетот што ќе резултира со зајакната доверба како нација“, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Владата најавува дека во наредниот период ќе води едукативна и мобилизирачка кампања „За“ референдумот.

„Наша тенденција ќе биде цензусот, односно излезноста да биде поголема од 50 проценти од граѓаните, или според избирачкиот список е повеќе од 903.000 гласови кои најмалку треба да излезат на референдумот за да имаме одлука согласно Уставот“, изјави премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Во денеска објавената анкета на Меѓународниот републикански институт - ИРИ, 57 проценти од испитаниците, од кои 37 отсто „целосно“, а 20 проценти „донекаде“ го поддржуваат предлогот Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под новото име „Република Северна Македонија“. 49 отсто од анкетираните имаат намера да гласаат за решавање на спорот за името, додека 22 проценти, ќе гласаат против.

XS
SM
MD
LG