Линкови за пристапност

Отсуство на протеин - можна причина за неплодноста кај мажите


Отсуство на протеин - можна причина за неплодноста кај мажите
Отсуство на протеин - можна причина за неплодноста кај мажите

Научниците нашле дефект во генот што овозможува спермата да ја оплоди јајце-клетката.

Меѓународна група научници соопшти дека нашла веројатна причина за неплодноста кај мажите во една третина од сите случаи на светско ниво. Се работи за дефект во генот што овозможува спермата да ја оплоди јајце-клетката. Откритието најверојатно ќе предизвика нови видови на тестирање и третман за неплодните двојки.

Во нормалната сперма, заштитниот протеин наречен ДЕФБ126 ги обложува сперматозоидите, овозможувајќи им успешно да продрат низ женскиот репродуктивен тракт кон неоплодената јајце-клетка. Кај мажите кај кои овој ген е дефектен нема заштитна обвивка и научниците велат дека постои поголема веројатност женскиот имун систем да ги уништи сперматозоидите затоа што ги третира како туѓо тело.

Научниците од Универзитетот Калифорнија Дејвис го откриле ДЕФБ126 случајно, додека работеле на ново средство за контрацепција - вакцина што привремено ги прави мажите неплодни.

„Вакво случајно откритие навистина е возбудливо, но во лаборатиските истражувања многу често она што наликува дека е премногу добро за да биде вистинито, така и се испоставува“, со внимателен оптмизам наведува Чарлс Бевинс, имунолог од Универзитетот кој работел на истражувањето.

Бевинс заедно со научници од Канада, Кина и Британија ја истражувал спермата на 500 нововенчани двојки од Кина кои секале да добијат дете, следејќи ја нивната ситуација во рок од две години.

Истражувачите на чело со Скот Венерс од Универзитетот Сајмон Фрејзер во Британска Колумбија, Канада, утврдиле дека двојките каде мажот имал генетска мутација на протеинот биле со 30% пониска стапка на плодност.

„Тоа најверојатно укажува дека мутацијата на ДЕФБ126 ја намалила стапката на забременување и го продолжила периодот пред да дојде до забременување“, вели Венерс.

Научниците истакнуваат дека мажите со ваков генетски дефект се` уште можат да бидат плодни, но шансата нивната сперма да продре и да преживее пред да стигне до јајце-клетката е за 20% помала. Тие наведуваат и дека приближно 70% од случаите на неплодност не може да се објаснат дека се должат на квалитетот на спермата или бројот на сепрматозоиди. Можно е новото откритие да го понуди долго бараниот одговор зошто некои двојки не може да забременат, иако спермата на мажот навидум е добра.

Гери Шер е нутриционист и токсиколог на Универзитетот Калифорнија Дејвис, коавтор на истражувањето. Тој смета дека наскоро ќе биде развиен финансиски достапен тест што на двојките ќе им открие дали мажот има генетска мутација ДЕФБ126.

„Таквата дијагностика ќе им овозможи да прескокнат долги клинички процедури и да се насочат на соодветен третман“, вели Шер.

Во крајна линија, додава Шер, научниците еден ден можеби ќе успеат да создадат вагинална крема што ќе овозможи пробивање на сперматозоидите со мутацијата ДЕФБ126.

Напис за истражувањето на оваа тема е објавен во журналот Наука - преводна медицина: http://stm.sciencemag.org/content/3/92/92ps31.abstract.

XS
SM
MD
LG