Линкови за пристапност

Што ќе значи новиот трговски договор со Мексико?


За да се избегнат царини со предлогот се предвидува 75 проценти од деловите вградени во автомобилите да бидат направени во САД или Мексико

Новиот трговски договор со Мексико е победа за двете држави, и со него ќе бидат создадени нови работни места во индустријата и земјоделството рече трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтизер.

Деталите во договорот допрва ќе треба да бидат разработени. Канада исто така би можела да се придружи во пошироката ревизија на Договорот за слободна трговија во Северна Америка, кој е попознат под кратенката НАФТА. Некои аспекти од договорот на САД и Мексико имаат за цел да го зголемат производството на автомобили во двете држави и да спречат нивен увоз од Азија, особено од Кина.

За да се избегнат царини, во договорот се предвидува дека 75 проценти од деловите вградени во автомобилите треба да бидат направени во САД или Мексико. Сегашните регулативи предвидуваат 62,5 проценти од деловите да доаѓаат од Северна Америка. Покрај тоа ќе се покачат и платите за некои работници во автомобилската индустрија Мексико. Со новиот договор се предвидува дека 40 до 45 проценти од деловите мора да бидат произведени од работници кои заработуваат повеќе од 16 долари на час.

Просечната плата американските работници во автомобилската индустрија е нешто повеќе од 22 долари на час, но во Мексико таа сега е помалку од 3,5 долари на час.

Со зголемувањето на трошоците за работна сила, најверојатно ќе се зголемат и цените на автомобилите.

Законодавните од двете држави во наредните месеци ќе треба да го одобрат договорот.

Договорот ќе трае шест години, кога тој повторно ќе биде разгледан од САД и Мексико. Ако двете страни се согласат тој ќе биде продолжен уште 16 години.

Трговската размена меѓу САД и Мексико во 2017-та година изнесуваше околу 615.9 милијарди долари, при што САД извезле 63,6 милијарди долари повеќе во стоки и услуги отколку што увезле.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG