Линкови за пристапност

Готемолер: Не ја пропуштајте можноста за влез во НАТО


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на официјалната посета на Брисел, се сретна со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер, која уште еднаш ја повтори поддршката за влез на Македонија во Алијансата но и очекувањата дека ќе се искористи „широко отворената врата“

БРИСЕЛ - Мисијата на Македонија е влез во НАТО, одлучно одиме во тој правец и ќе ја завршиме успешно. Ова е поракатакоја министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја соопшти на заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер,на денешната средба во Брисел. Тој потенцираше дека влезот на Македонија во Алијансата е нехопходен за стабилност во регионот но и во Европа.

„Ви благодарам за поканата за пристапни преговори за Република Македонија на Самитот во јули. Одлучно одиме по патот до членството што го зацртавме уште пред 25 години. Ќе ја завршиме оваа незавршена историска мисија, во интерес на стабилноста и просперитетот на Република Македонија, на стабилноста на Балканот и на стабилноста на Европа”, изјави Димитров.

Заменикот генерален секретар Готемолер пак, уште еднаш потенцираше дека Македонија ја има сестраната поддршка за влез во Алијансата но истовремено нагласи дека се надева дека граѓаните и власта ќе знаат да ја искористат „ широко отворената врата“алудирајќи на референдумот кој генералниот секретар Столтенберг го посочи како клучен за прием во Алијансата.

Според официјалните инфромации од кабинетот на Димитров, на средбата биле разменети мислења за актуелната соработка меѓу Република Македонија и НАТО, како и подготовките што ги презема Република Македонија во рамките на пристапниот процес за членство на земјата во Алијансата.

Министерот Димитров ја брифирал Готемолер околу подготовките за реферндумот и моменталната состојба и атмосфера во државата како и за текот на имплементирањегто на реформите.

Петмината американски когресмени кои се во дводневна официјална посета на Македонија потврдија дека желбата на САД е Македонија да се интегрира во НАТО и изразија надеж дека Македонија сега нема да ја испушти можноста за членство.

„Ние веруваме дека референдумот и интеграцијата во НАТО се добра можност за граѓаните на Македонија, па затоа навистина се надеваме дека граѓаните ќе излезат и ќе гласаат на референдумот“, изјави конгресменот Бил Флорес.

Иако сешто не е официјално потврдено генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ќе допатува во официјална посета на Македонија во текот на септември а посетата уште еднаш ќе ја потврди поддршката за прием на нашата држава во НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG