Големи пожари ја зафатија Германија, принудувајќи евакуација на три села југозападно од Берлин.
Засега нема информација за евентуални жртви.
Брзината на пожарите принуди повеќе од 500 луѓе да ги напуштат нивните домови во селото Троенбрицен.
Полицијата соопшти дека плановите за гасење на пожарот се комплицирани, бидејќи има складишта со воена муниција од Втората светска војна, и која може да експлодира.
Пожарите избувнаа вчера попладне и брзо се проширија низ сувите борови шуми, предизвикувајќи евакуации на околните села.
Повеќе од 500 луѓе се евакуирани
Facebook Forum