Линкови за пристапност

САД и Кина си воведоа нови царини


Денес влегоа во сила нови американски царини за кинески производи вредни 16 милијарди долари, Пекинг одговори реципрочно

Најновите царини кои ги разменија САД и Кина стапуваат на сила денес.

САД претходно месецов најавија дека ќе наметнат царини од 25 проценти на кинески производи вредни 16 милијарди долари, како дополнение на царините од 25 проценти кои беа наметнати на почетокот на јули и се однесуваа на увоз вреден 34 милијарди долари. Во двата случаја Пекинг одговори со тужби и воведе идентичен процент на царини за американски производи.

Министерството за трговија на Кина денес издаде соопштение критикувајќи ги најновите американски царини, велејќи дека тие ги кршат правилата на Светската трговска организација. Пекинг вели дека ќе побара правна разврска во рамки на механизмот за разрешување спорови кој постои во организацијата.

Новите царини стапија на сила еден ден по средбата на трговските делегациите од двете држави која се одржа во Вашингтон, прва формална средба по онаа од јуни.

Во интервју за Ројтерс дадено порано неделава, претседателот на САД Доналд Трамп рече дека не очекува голем напредок од разговорите.

Американската администрација бара Пекинг да ја промени практиката на субвенционирање на технолошкиот сектор и да ги отвори своите пазари за поголем број американски производи.

Властите во Вашингтон размислуваа да наметнат дополнителни царини за кинески производи вредни 200 милијарди долари.

Економистите предупредуваат дека трговската војна меѓу најголемите светски економии до 2020-та година ќе го намали глобалниот економски раст за околу 0,5 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG