Линкови за пристапност

Рејтингот на Трамп ги загрижува републиканците


Анкетите покажуваат дека поддршката за претседателот изнесува околу 40 проценти

Републиканците внимателно го следат рејтингот на претседателот Доналд Трамп пред делумните конгресни избори во ноември. Според неколку анкети, тој сега изнесува околу 42 проценти.

Две нови истражувања на јавното мислење покажуваат дека поддршката за Трамп останува околу 40 проценти. Неделната анкета на Галуп покажува дека тој има поддршка од 42 проценти, додека 52 проценти не одобруваат како тој ја извршува својата функција.

Во друга анкета спроведена од Универзитетот Монмут, 43 проценти од испитаниците дале поддршка за Трамп, додека 50 проценти се изјасниле негативно за тоа како првиот човек на САД си ја врши работата. Од Универзитетот Монмут велат дека резултатите се слични со нивните анкети од јануари.

Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека рејтингот на претседателот паднал под 40 проценти, цифра кој предизвикува загриженост кај републиканците пред делумните избори. Анкетата на Квинипек во јули покажа дека Трамп имал поддршка од 38 проценти, додека неодамнешната анкета на NPR/PBS Newshour/Marist покажа дека претседателот има 39 поддршка кај американските гласачи.

XS
SM
MD
LG