Линкови за пристапност

Мирно одбележана годишнината од Шарлотсвил


Во услови на големо присуство на полицијата се одржаа маршеви, бдеења и други настани

Властите во главниот град Вашингтон и соседната сојузна држава Вирџинија викендов ги здружија силите за да обезбедат функционирање на редот и мирот на денот кога се одбележa првата годишнина од националистичкиот собир на белците во Шарлотсвил.

Претседателот на САД Доналд Трамп во саботата побара единство.

„Како нација мора да бидеме обединети“, напиша Трамп на Твитер „Јас ги осудувам сите видови расизам и акти на насилство. Мир за сите Американци!“

Тој додаде дека се залага за подобрување на животите на малцинствата и вети дека никогаш нема да престане да се бори за сите Американци.

Шарлотсвил 2017-та
Шарлотсвил 2017-та

Минатогодишниот одговор на претседателот за насилните настани во Шарлотсвил наиде на жестока критика, откако на прес-конференција кажа дека имало „многу добри луѓе на двете страни“.

Во саботата во Шарлотсвил, во услови на големо полициско присуство, се одржаа маршеви, бдеења и други мирни настани.

Полицијата подигна бетонски бариери и метални огради, а беа поставени и два контролни пункта преку кои граѓаните можеа да се движат.

„Минатата година, полицијата не можеше или реши да не го спроведе законот. Годинава е многу поинаку. Сојузната полиција на Вирџинија е присутна масовно и ја контролира ситуацијата“, изјави Мајкл Лемб, жител на Шарлотсвил.

Во саботата вечер, беше избегната конфронтација помеѓу полицајците и демонстрантите на кампусот на Универзитетот на Вирџинија

„Живеев во Шарлотсвил десет години. Сега студирам медицина. Бев многу фрустриран од тоа колку малку администрацијата стори лани. Сакам да го претставувам универзитетот и моите колеги и да се спротивставам на идејата за надмоќ на белата раса, и она што се случи минатата година“.

Во саботата се одбележа годишнината од ноќниот марш со факели на националистите белци на кампусот на Универзитетот, еден ден пред големиот собир во центарот на Шарлотсвил.

На 12-ти август 2017-та година, стотици националисти, меѓу кои и неонацисти и членовите на „Кју Клукс Кланот“ (ККК), се собраа во Шарлотсвил, делумно во знак на протест поради одлуката на градот за отстранување на споменикот на генералот од времето на Граѓанската војна во САД, Роберт Е. Ли.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG