Линкови за пристапност

Русија: Новите американски санкции се „нелегални“


Стејт департментот ја објави мерката во средата

Официјална Москва новите американски санкции ги нарече „нелегални“ велејќи дека мерката ги поткопува обидите на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин за подобрување на односите, тема за која се разговарало за време на неодамнешниот самит.

„Секако, одлуките што ги презема американската страна се апсолутно непријателски“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека „постои мала веројатноста оти тие на кој било начин се поврзани со комплицираната, но конструктивна атмосфера на последната средба меѓу двајцата лидери“.

Стејт департментот ги објави санкциите во средата, како резултат на труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.

Кремљ, кој и порано негираше каква било вмешаност во инцидентите, тоа го стори и по воведувањето на новите санкции.

Иако портпаролот на Кремљ посочи дека Москва се` уште размислува како да одговори на санкциите, други руски официјални лица беа повнимателни.

„Продолжува театарот на апсурдот“, напиша на Твитер постојаниот руски претставник во ОН, Дмитри Полјански.

Претставниците на Кремљ се обидуваат да ја уверат јавноста дека руската економија е подготвена да ги апсорбира дополнителните санкции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG