Сан Јуан, Порторико (АП) – Проценката за бројот на жртви од ураганот Марија кој минатата година го погоди Порторико е околу 1.400 лица, далеку повеќе од официјалниот број на жртви кој беше 64 лица, стои во најновиот извештај доставен до Конгресот, барајќи милијарди долари помош за островот повторно да закрепне, објави Асошиејтед Прес (АП).
Владата, потпирајќи се на ажурирани статистички податоци за кои првпат објави дека во јуни имало 1.427 смртни случаи од септември до декември 2017-та година, отколку просекот за истиот временски период во текот на претходните четири години.
Во извештајот до Конгресот со детали за планот за реконструкција во вредност од 139 милијарди долари за островот од 3,3 милиони луѓе.
Ураганот Марија, но после две недели и ураганот Ирма предизвикаа поплавување што зад себе оставија болни и постари лица без можност за лекување.
„Разорните ефекти од ураганите врз здравјето и безбедноста на луѓето не можат да бидат преценети“, се вели во извештајот во кој се бара помош од Конгресот за да помогне во обновата на островот, кој и така веќе се бореше со длабока економска криза пред тоа.
Неколку недели по невремето, официјални претставници од Порторико изјавија дека бурата директно предизвикала 64 смртни случаи, поголем дел од нив поради лизгање на земјиштето или поплави. Долго време јавно се зборуваше дека бројот на жртви е далеку поголем, поради индиректните ефекти од силната бура.
Самата влада после долго дебатирање за бројот на жртви, излезе со бројка од 1.427 во јуни. Но, од таму соопштија дека ќе почекаат да новото ажурирање по добивањето на извештајот кој бил нарачан од Универзитетот Џорџ Вашингтон. Извештајот треба да излезе во наредните неколку недели.
Последниот извештај до Конгресот со вака голем број на жртви, за првпат беше објавен во четвртокот, од страна на „Њујорк Тајмс“.
Повеќето од смртните случаи не се случиле за време на ураганот на 20-ти септември, но во наредните недели кога прекинот на електричната енергија низ целиот остров како и блокираните патиштата со далноводи и други отпадоци беа причина за отежнато движење, додека службите за итна помош беа спречени во напорите за навремено давање прва помош на населението.
Facebook Forum