Проруско настроени бизнисмени од Грција се обидуваат да ја спречат Македонија да се приклучи на НАТО и за таа цел платиле илјадници долари на лица кои биле задолжени да извршат насилни протести но и насилни акти во периодот кој престои до одржувањето на реферeндумот, тврди премиерот Зоран Заев во интервју „Базфид њуз“.
„Проруско насторени грчки бизнисмени им плаќаат на македонски граѓани од 13 до 21 илјада долари за да предизвикаат насилство пред да се одржи клучниот референдум, кој ќе утврди дали Македонија ќе може да се приклучи на воениот сојуз“.
Премиерот не соопшти за кого точно станува збор за да не ја попречи истрагата која ја води полицијата но додаде дека информацијата е добиена од неколку лица кои биле притворени по насилните протести против договорот со Грција што се одржаа минатиот месец пред Собранието.
Заев додава дека официјална Москва не крие дека е против интеграцијата на Македонија во Алијансата.
„Руските претставници што беа тука, а и други од Москва, не кријат дека се против нашата интеграција во НАТО. Дел од нив се поврзани со медиумите, дел од нив ги поттикнуваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да нападнат полицајци. Многу е очигледно", вели премиерот.
Во интервјуто за „Базфид њуз“ дадено по враќањето од Самитот на НАТО во Брисел, премиерот Заев открива и дека приватно побарал поддршка за референдумот од американскиот претседател, Доналд Трамп.
Facebook Forum