Линкови за пристапност

НАТО ја потврди поканата за пристапни преговори на Македонија во Алијансата


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, потврди дека Македонија доби покана за почеток на пристапни преговори со Алијансата. Во неговото кусо обраќање, тој соопшти јасно дека сега се е во рацете на Владата и граѓаните.

„Го поздравуваме постигнатитот договор за името меѓу Скопје и Атина, и во согласност со политиките на Алијансата, одлучивме да ја поканиме владата во Скопје да ги започне пристапните преговори за членство во Алијансата. Услов за тоа е целосна имплементација на сите пропишани внатрешни процедури кои се однесуваат на договорот за решението за името, а со тоа и за успешно окончување на пристапниот процес“, стои во соопштението.

НАТО притоа ги поздрави напорите на Владата и постигнатиот напредок во низа итни реформи, и ја охрабри да вложи понатамошни напори во реформите, пред и по пристапувањето во НАТО за да го засили својот придонес кон Алијансата.

„Ги повикуваме сите политички лидери во земјата да имаат конструктивна улога во овој процес, и во брза имплементација на договорот за името“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG