Линкови за пристапност

Победа за Ердоган - реакции од светот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на изборите викендов, освојувајќи преку 52 процента од гласовите. Во обраќањето пред илјадниците симпатизери, тој истакна дека ова значи победа на демократијата и на секој граѓанин во неа.

Неговиот противкандидат изборите ги опиша како нефер и изрази загриженост за иднината на државата.

Ердоган сега ги презема големите нови овластувања усвоени на минатогодишниот уставен референдум, што беше проследен со наводи за измама.

64-годишниот лидер сега има моќ да владее со декрет, заедно со поголема контрола над назначувањето на врвни судии и парламентот чија улога е значително намалена по укинувањето на функцијата премиер.

Победата на Ердоган ја поздрави рускиот претседател Владимир Путин, кој ја подвлече неговата подготвеност за продолжување на блиската соработка и дијалог.

Честитки стигнаа и од Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој сепак додаде дека Алијансата е базирана на одредени основни вредности - демократија, владеење на правото и индивидуалните слободи.

Меѓу земјите кои ја поздравија победата на Ердоган се и Кина, Иран, Србија и Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG