Линкови за пристапност

Трамп: нема повеќе нуклеарна закана од Северна Кореја


Претседателот Трамп по самитот со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во Сингапур, објави дека „повеќе не постои нуклеарна закана од Северна Кореја“.

„Сега секој може да се чувствува многу побезбеден“, напиша Трамп на Твитер. „Средбата со Ким Јонг Ун беше интересна и сето тоа беше многу позитивно искуство. Северна Кореја има голем потенцијал за иднината“, додаде тој.

Ким се согласи „да стави крај на денуклеизацијата на Корејскиот Полуостров“, додека Трамп неочекувано рече дека ги суспендира воените вежби со Јужна Кореја.

Документот што го потпишаа двајцата лидери не вклучува детали за тоа како и кога Северна Кореја ќе ја деактивира нуклеарната програма, ниту пак точно кажува кои се „безбедносните гаранции“ што САД би ги и` ги обезбедиле на Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG