Линкови за пристапност

Доделени престижните театарски награди Тони


Мјузиклот „Посетата на групата“ и „Хари Потер и проколнатото дете“ доминираа на доделувањето на американските театарски награди „Тони“

The Band's Visit или „Посетата на групата“, мјузиклот за египетски полициски оркестар, со концерт во еден град во Израел, но завршува во погрешен град – е добитник на наградата Тони за најдобар нов мјузикл во рамки на Бродвеј.

Во конкуренција беа и „Frozen, Mean Girls“ и „SpongeBob Square Pants“.

Наградата за извонредни достигнувања во театарска едукација за 2018-та година, и` беше доделена на Мелоди Херцфилд, раководителка на Катедрата за драма во средното училиште „Марџори Даглас“ во Парленд, Флорида, каде во неодамнашниот вооружен инцидент, загинаа 17 лица. Нејзиниот ангажман беше одликуван заради тоа што спасила десетина ученици.

Престижните театарски награди Тони, се оддржаа по 72 пат, во Њујорк.

XS
SM
MD
LG